📷 📽️ ПЕЈАЧКАТА СО АЛБАНСКИ КОРЕНИ ГО ПОСЕТИ ДУБРОВНИК Бебе Реџа прошета боса по Страдун
Американската музичка ѕвезда со албанско потекло, Бебе Реџа, веќе извесно време престојува во Хрватска, каде што дојде да настапи на една венчавка.
Американската музичка ѕвезда со албанско потекло, Бебе Реџа, веќе извесно време престојува во Хрватска, каде што дојде да настапи на една венчавка. Таа неодамна објави и неколку видеа од свадбата каде што ги забавуваше гостите.
Беба сега ги покажа своите нови фотографии од Дубровник. Откри дека шета боса по Страдун, а се фотографирала покрај познатите столбови. Испробала и детска капа од локалните продавачи на улиците.
View this post on Instagram
И претходно, Беба не криеше колку ѝ се допаѓа јадранскиот брег.
„Никогаш нема да си одам. Не можете да ме натерате“, напиша неодамна со објава во која позира во костим за капење и ужива во Хвар.
Освен на Хвар и Дубровник, пејачката престојуваше во Сплит, а слободното време го искористи за уживање во разни активности, како што се возење со брод, сончање, нуркање и дружење со пријатели на плажа.
View this post on Instagram
Бебе Реџа, чие вистинско име е Блета Реџа, е американска пејачка, текстописец и продуцентка од албанско потекло, родена е во Бруклин, Њујорк. Нејзините родители се албански имигранти од Македонија.
Својата музичка кариера ја започна како текстописец, а нејзиниот пробив се случи кога ја напиша хитот „The Monster“ за Еминем и Ријана, кој се најде на првото место на топ-листата Билборд Хот 100. Потоа, таа започнала независна музичка кариера, позната по нејзината комбинација од поп, хип-хоп и денс звук.
View this post on Instagram