Софи Елис Бекстор се јави со црно-бела фотографија од болницата, откако паднала од велосипедот.
На фотографијата се прикажани многу гребнатини, исекотини, но изгледа и дека пејачката се здобила со повреди на очите.
„Објавив црно-бела фотографија за да не ја видите сета таа крв“, напишала 41-годишната Софи во нејзината објава, но исто така истакнала дека се чувствува добро.
Таа им се заблагодарила на минувачите кои ѝ помогнале на лице место, на вработените во службата за итни случаи и на болницата за укажаната медицинска помош.
Мајката на пет деца напомена дека во моментот е во болницата во која се родила.
„Не грижи се, сите добро внимаваат на мене“, напишала Софи Бекстор.
FOTO: Instagram