ПЕЈАЧКАТА ЏЕЈЛА РАМОВИЌ ПРИВЕДЕНА ВО КИЧЕВО Познатата ѕвезда од БиХ е фатена како настапува без работна дозвола

Пејачката Џејла Рамовиќ и нејзиниот бенд од БиХ завршија со прекршочна пријава поради настап без соодветна дозвола во кичевски локал.

1,100

Познатата пејачка Џејла Рамовиќ од БиХ била приведена во акциска контрола во Кичево, заедно со нејзиниот бенд, откако полицијата открила дека настапувале без соодветна работна дозвола.

За време на засилена контрола во угостителски локали на магистралниот пат Кичево–Охрид, изведена во ноќта меѓу 29 и 30 ноември, полициски службеници од ОВР Кичево и РЦГР Запад влегле во објект каде настапувала Рамовиќ.






„Во објектот биле затекнати пејачката Џејла Рамовиќ (23) и нејзиниот бенд – К.Џ. (27), Е.П. (25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), сите државјани на Босна и Херцеговина. Според полицијата, групата работела без обезбедена работна дозвола, што претставува прекршок според Законот за странци“, информираат од СВР Охрид.

Случајот е пријавен до Основниот суд во Кичево, а против уметниците е поднесена прекршочна пријава.

Поврзани содржини