Учесник во музичкото шоу „Ѕвездите на гранд“ Александар Саша Поповиќ е позитивен на коронавирусот. Младиот пејач се огласи на социјалните мрежи и објасни како се заразил.
– Позитивен сум на коронавирус. Драги пријатели денеска ми е потврдено присуството на вирусот. Многу од вас дознаа, но ве известувам сите за да не ме барате поединечно. Претпоставувам дека сум се заразил на една свадбена прослава на 14 јуни. Доколку сте имале контакт со мене и имате симптоми веднаш да се јавете на инфективната клиника и да се тестирате. Вирусот ни најмалку не е пројден, така да водите сметка и чувајте се. Јас се чувствувам добро, немам воспаление на белите дробови, температурата ми пројде и само кашлам – вели Поповиќ.
Пред неколку недели тој пројде во директното во следниот круг на „Ѕвездите на гранд“ .