Пазарниот инспекторат во Куманово под клуч, заразен е еден инспектор

227

Одделението на Државниот пазарен инспекторат од Куманово ќе биде затворено, бидејќи еден од инспекторите е позитивен на ковид-19, соопшти денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

– Денес веќе во Куманово ќе мораме да го затвориме целокупното одделение бидејќи еден од инспекторите се покажал позитивен на КОВИД 19. Се што беше од наша страна, правиме за да ги заштитиме инспекторите, но и оние кои правилно ги почитуваат мерките, уредбите и протоколите од Владата бидејќи тоа е во интерес на сите – рече Пауновски.






Тој апелираше до сите граѓани, особено до водачите на политичките партии и верските заедници, да бидат одговорни.

– Мораме неселективно да постапуваме за да бидеме успешни. Потребна ни е помош од сите граѓани и од правните субјекти за да на крај излеземе како победници и да не бидеме единствениот во регионот каде секојдневно има зголемување на случаи позитивни на ковид-19 – рече Пауновски.

Поврзани содржини