ПАЗАР НА КОЈ НЕМА ПРЕКУПЦИ Најдете го својот човек од доверба меѓу малите производители на храна
На пазарот кој не очекува утре (1 јуни), во Скопје, во организација на Слоу фуд Водно, едно е сигурно. Нема да има препродавачи или прекупци, нема лажење, нема вештачки бои, конзерванси и разни хемии. Сѐ што ќе ни понудат нашите мали производители е природно, домашно и локално и ќе не потсети на едни други времиња, оние кога сѐ беше повкусно, поздраво и домашно.
На првиот ден од јуни, утре (сабота), од 11 до 17 часот, во Мондано гарден (во задниот двор на
гимназијата „Јосип Броз Тито“), во Скопје, ќе има пазар на наши домашни производи, сирења, пити,
домашна сланина и превкусни колбаси, вино, ракија и домашно пиво, сокови, џемови, слатка, мед, зачини, солени
и слатки намази, толку многу убави и шарени бои, вкусови и мириси и исто толку луѓе,
производители на истите.
Нема препродавачи или прекупци, нема лажење, нема вештачки бои, конзерванси и разни хемии,
сѐ е природно, домашно и локално и истите тие производи оние што ги прават, им ги даваат и
на своите деца, истите се дел и од нивните домашни трпези.
Повеќе за ова на „Арт кујна“.