ПАТОТ МАКЕДОНСКИ БРОД-СКОПЈЕ Е ЗАТВОРЕН ЗА СИТЕ ВОЗИЛА На Табановце се чека до 15 минути за влез и за излез од државата

224

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, известуваат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или при излез од државата.






Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод-Скопје затворен е за секаков вид на возила.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Поврзани содржини