Патолошки еколошки „лажови“
Целосно го подржувам ставот на локалната граѓанска иницијатива „И здравје и работа“, дека ако Македонија заврши на меѓународна арбитража со астрономски отштети за концесијата за Иловица, тогаш овие лажни еко активисти треба да добијат кривични пријави за носење на Татковината во економски подредена положба со тешки последици по даночните обврзници.
Во 2018 година поточно на 11 ти Април со неизмерна новинарска објективност, за разлика од други, без да навлезе субјективно и „полтронски“ под ниедни услови една националната телевизија ќе информира дека е раскинат концесискиот договор на рудникот Казандол и се запраша: Дали истото ќе се случи со рудникот Иловица?
Оваа ТВ станица на национално ниво, која секогаш трага по вистината, заслужува одговор на ова нивно прашање поставено пред шест години. Нема одговорен и разумен политичар во Македонија кој не знае дека како држава ќе бидеме принудени да платиме 450 милиони евра за Казандол, и тоа ако имаме среќа, затоа што можно е отштетата да достигне и до 700 милиони евра.
Но, истовремено нема одговорен и разумен политичар кој претендира да одлучува за иднината на државата, кој не ја евидентира пораката и од концесионерот на рудникот Иловица, акционерски сопственици со 350 милијарди евра приход за 2023 година чиј главен акционер е „Трафигура“, дека покренуваат инструменти за меѓународна арбитража и дека нивното трпение е со рок до 31 декември 2024, во спротивно не чека истата правна постапка како за рудникот Казандол.
Цифрата која меѓу редови ја спомена австрискиот адвокат со седа коса (што имплицира децениско меѓународно правно искуство) на пресот на концесионерот на рудникот Иловица, изнесува милијарди евра тешка отштета. Да, да, добро читате, милијарди (во множина) евра!!!
Се разбира веднаш се јави идеолошкиот гуру на лажните еко активисти со бајати приказни на социјалните мрежи дека се работи за лажна закана, дека нема правен основ за арбитража, но веројатно нервозен, потсвесно му се лизна и воскликна со идејата да му исплатиме на концесионерот толку колку што потрошил до сега за да ја реализира инвестицијата и да си замине од Македонија за навек.
Прво, ако навистина нема правен основ за арбитража зошто воопшто би му плаќале на концесионерот било што од државниот буџет? Проценките на концесионерот се дека до сега имаат потрошено 60 милиони евра.
Видете, во Македонија од независноста до денес сме виделе разни шарлатани во различни пакувања, ама некој со ваква леснотија да се расфрла со народни пари, а притоа да се декларира себеси за заштитник на народните интереси е рамно на економски атентат.
Затоа, целосно го подржувам ставот на локалната граѓанска иницијатива „И здравје и работа“, дека ако Македонија заврши на меѓународна арбитража со астрономски отштети за концесијата за Иловица, тогаш овие лажни еко активисти треба да добијат кривични пријави за носење на Татковината во економски подредена положба со тешки последици по даночните обврзници.
И јас дополнувам, дека жителите на Струмичката котлина ќе треба да поднесат и граѓански тужби за отштета за ставање во заблуда со ширење тешки небулози за закани по здравјето и животната средина.
Особено што тезата да им платиме 60 милиони евра на „Трафигура“ за да си замине од Македонија навистина многу потсетува на понудата на руските газди на „југословенскиот“ рудник за бакар лоциран на 30 километри од Иловица, од 2019, која била понуда за преземање на експлоатацијата на бакарот и во новиот рудник Иловица, со гаранција дека населението кое протестира ќе биде веднаш смирено, се разбира ако понудата се прифатела.
Значи, лажните еко активисти се патолошки лажови бидејќи нивната наводна грижа за здравјето и животната средина е обланда за нивните вистински цели. Тие одработуваат да се задржи монополот на единствениот рудник за бакар во Македонија, за да продолжат лично да профитираат од нивните налогодавачи. Тие симптоматично никогаш не протестираат пред „југословенскиот“ рудник за бакар, бидејќи очигледно некој ги „убедил“ да веруваат дека само тие ја имаат модерната и еколошка формула за безбедна експлоатација на дел од природните богатства во Македонија.
Затоа, воопшто не е случајно што на нивната јавна трибина, организирана среде кампања во Струмица, со медиумска поддршка на една ТВ станица која емитува програма низ цела држава, каде повторно истите глумци беседеа колку рудникот е штетен, но имаше незначително присуство на жители од Струмичката котлина. Ова е индикатор дека се прочитани нивните намери и дека луѓето не наседнуваат повеќе на нивните трикови.
Жителите бараат соочување на аргументите и да чујат од концесионерите како планираат да го изградат рудникот и со кои технологии ќе го експлоатираат бакарот. Да се развијат механизми за постојан граѓански и институционален надзор дека тоа што го зборува концесионерот навистина и ќе го спроведе теренски.
Затоа, ќе мора повторно за пример да ја користам Норвешка кој ќе ги разобличи сите „Патолошки Еколошки Лажови“. Се извинувам што ќе користам стручна терминологија, но тоа е единствениот начин да се објасни како функционираат модерните општества со највисоки стандарди за заштита на животната средина.
ШТО Е РУДНИК ВО НОРВЕШКА?
Дали некогаш сте чуле за дифосфорпентаоксид со хемиска формула P2O5 кој е моќен десикант и дехидрирачки агенс? За оваа моќна формула главен причинител е фосфорот. Токму овој хемиски елемент е под знак прашање, тргнувајќи од научните сознанија дека неговата прекумерна употреба е закана за глобалното производство на храна. Неговата употреба е значителна во земјоделието (првенствено житото) и брзата исхрана. Со прекумерна употреба се добива болест посебно преку фосфатните ѓубрива исфрлени од полињата, канализацијата, езерата, реките и морињата и предизвикува широкороспространето цветање на алгите што предизвикува создавање таканаречени мртви зони за рибниот фонд.
Но тоа не е проблем. Туку терминот „фосфогедон“ смртоносен недостаток на фосфор за ѓубрива кои се користат во земјоделието. Патем од прекумерно користење на овој елемент доаѓаме до климатска криза поради големите емисии на јаглерод диоксид. Но сите стручни лица како Пени Џонс или пак Фил Хејгарт од универзитетите „Бристол“ и „Ланкастер“ заклучуваат дека овој елемент е многу важен и неопходен за животот на планетата Земја.
Секоја година низ целиот свет се продаваат 50 милиони тони фосфатни ѓубрива. Најголеми наоѓалишта до пред две години беа Мароко и западна Сахара, па Кина и Алжир и останати со вкупни светски количини од 71 милијарди тони. Поради оваа распостранетост Европската комисија одлучува дека фосфорот не се смета за стратешка туку критична суровина.
И наеднаш на југот од Норвешка е откриен рудник со 70 милијарди тони фосфорни ѓубрива (колку сите до сега светски произведувачи). Сега Европа доби џиновски склад од овој важен материјал која може да ја штити нејзината индустрија во наредните сто години.
Норвешката рударска компанија ги отвара своите капацитети за заштита на животната средина посебно во делот на јаглероддиоксид и негов еколошки третман со само една и единствена причина: „Европското стопанство дефинитивно ќе биде помалку ранливо и ќе може да конкурира и да демонстрира независност од кинескиот продор со фосфорни ѓубрива на светско ниво. Зборуваме за милијарди евра.
Во следната колумна од почит кон нашите „Екологисти“, кои од незнаење шират тези дека земјоделските производи ќе се загадат заради рудникот Иловица, ќе објавам документ за Кралството Шпанија, кој наведува факти дека нивната обработлива земјоделска површина ќе прерасне во пустина налик Сахара благодарение на прекумерна и несоодветна земјоделска обработка, за да им докажам дека и земјоделието може да биде штетно ако не се земат предвид и применуваат модерните технологии и научни сознанија.
МАКЕДОНИЈА И НЕЈЗИНИОТ ПРОСПЕРИТЕТ
Но што е важно за Македонија и за нејзините граѓани да знаат? Во еколошки активисти се активирани правници, археолози, глумци, новинари, политичари итн. Сите кои умеат да плашат народ со невистини. А народот од што најмногу се плаши? Од непознатото и тоа врзано со наратив дека државата не функционира.
Кој може да ја остварува ако твоето дете не е дома (се иселило во западните земји во потрага по подобар животен стандард), не ја работи сопствената нива, нема перспектива од аспект на откуп на земјоделски производ, еве како што е на пример зелката. Во Струмичката котлина 88 проценти од зелката се прозведува на ниво на Македонија ама се продава за 6 до 8 денари по килограм, која на крајот постигнува цена кон земјоделцот од 5 денари. Ама во Украина се продава за 1.95 евра. Ги лажат земјоделците дека нема пласман, а камионите врват и товарат. Е ова е пустата земјоделска вистина.
За тоа како Анти Нато структурите функционираат во Македонија ќе образложиме во неколку колумни. Како за почеток ќе……………………….., има многу да се изненадат кога ќе ја информираме јавноста за нивните лични комбинации.
Од демократски и политички причини. Ги повикувам сите политичари да разберат дека Македонија има стратешки скапоцени металични суровини и со нив сме една од ретките земји кои можат да одговорат на потребите на индустриите за кои се потребни.