📷 ПАТНИЦИТЕ ОСТАНАА ЗАРОБЕНИ НА БРОД ЗА КРСТАРЕЊЕ ВО АВСТРИЈА Страшните поплави ги оставија луѓето заглавени среде Дунав
Поради обилните дождови и поплавите во Австрија, бродот не може да се закотви. Тоа значи дека екипажот и патниците ќе мора да останат таму најмалку до вторник. Патувањето започнало во петокот, иако метеоролозите предупредија на обилни врнежи.
Околу 140 патници и членови на екипажот останаа заробени на брод за крстарење во Австрија поради порастот на нивото на Дунав и поплавите кои ја погодија Европа. Станува збор за брод со швајцарски туристи кој испловил за Будимпешта.
Поради обилните дождови и поплавите во Австрија, бродот не може да се закотви. Тоа значи дека екипажот и патниците ќе мора да останат таму најмалку до вторник. Патувањето започнало во петокот, иако метеоролозите предупредија на обилни врнежи.
На социјалните мрежи се појавија слики од бродот долг 110 метри закотвен во Виена. Патниците не можат да го напуштат бродот бидејќи пристаништето е под вода.
Schweizer Touristen stecken auf Donau-Kreuzfahrtschiff fest https://t.co/49cRuY9aoE
— Naomi Schröper -Couch🇺🇸🇨🇭 (@NaomiSchroper) September 15, 2024
Бројот на загинати во поплавите во централна Европа вчера се искачи на 8, а илјадници луѓе беа евакуирани од своите домови во Полска, Чешка, Австрија и Романија. Циклонот „Борис“ донесе обилни дождови од Австрија до Романија, што доведе до најголемите поплави во речиси три децении во тешко погодените области на Чешка и Полска.
Илјадници куќи беа оштетени за време на викендот, мостови беа однесени, а најмалку 250.000 домаќинства, главно во Чешка, останаа без струја. Едно лице се удави во неделата во југозападна Полска, пожарникар кој учествуваше во спасувачките операции загина во Австрија, а уште две лица загинаа во Романија, каде поплавите однесоа четири животи во саботата.