ПАТИШТАТА СЕ ПРООДНИ, НО РИЗИЧНИ „Македонијапат“ со предупредување до возачите

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, сите патишта се проодни, а на дел од граничните премини има ограничувања.

582

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, а сите патни правци во моментов се проодни.

Како што информираат од ЈП „Македонијапат“, на одредени делници кои минуваат низ усеци и клисури постои можност за појава на поситни одрони, поради што се препорачува зголемена внимателност.






Од јавното претпријатие апелираат возачите да управуваат внимателно со возилата, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и брзината да ја прилагодат според условите на патот.

Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека граничниот премин Евзони (Богородица) е отворен за сообраќај за сите видови возила од 23:10 часот.

Истовремено, од АМСМ соопштија дека на граничниот премин Ники (Меџитлија) е воведена забрана за движење на товарни возила, која ќе важи до денеска до 10:00 часот, додека сообраќајот за патнички моторни возила се одвива непречено.

Поврзани содржини