ПАТИШТАТА ПРООДНИ, НО ЛИЗГАВИ Возете внимателно, постои ризик од одрони, предупредува АМСМ

Сообраќајот е умерен, нема задржувања на граничните премини, но се препорачува внимателно возење поради влажни коловози и можни одрони.

31

Сообраќајот на државните патишта низ земјава утринава се одвива непречено, но по влажни коловози, информираат од Авто-мото сојуз на Македонија.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација. Посебна внимателност се препорачува на делници каде има можност од појава на одрони, особено низ котлините, речните долини и клисурите.

Како ризични се посочуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини