ПАРТНЕРОТ НА ДРИН ИМА СТРИПТИЗ БАРОВИ И ПРОБЛЕМИ СО ЗАКОНОТ? Што се крие зад преземањето на Тор индастрис?
Фирмата Тексас американ интернешнл холдингс, која ја презема фирмата на Дрин Ахети Тор индастрис, според истражувањето на Код, е во основана од Ник Мехмеди, кој е сопственик на стриптиз барови во Далас, Тексас.
Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ вчера објави дека неговата фирма Тор индистрис (Thor Industries) ќе биде преземена од американската фирма Тексас американ интернешнл холдингс (Texas American International Holdings Inc.) Код на ТВ Телма неодамна објави дека партнерот од Далас, по име Ник Назар Мехемди има стриптиз бар и има проблеми со американските правосудни органи.
Според Код на Телма во јули лани Ник Назар Мехмеди основал фирма со влог од 3 милиони евра и со седиште на истата адреса како Тор. Ник Мехмеди е сопственик на стриптиз барови во Далас, Тексас, а скопската фирма му се вика Американ инвестментс и е регистрирана за консултантски услуги.
Код објави и дека Ник Назар Мехмеди бил во придружба на Дрин Ахмети при средби со претставници на албанската дијаспора во Њујорк.
Иако Дрин Ахмети најавува дека ќе се повлече од компанијата Тор, внукот на лидерот на ДУИ уште е директор/управител на фирмата Соравиа во чија сопственост е деловниот центар Соравиа, во центарот на Скопје. Тој на оваа функција ќе остане до крајот на годината. Дрин Ахмети таму стана директор лани на први септември, односно по примена позајмица од страна на фирмата на Ник Мехмети од основачкиот влог од три милиони евра.
Во обвинителството водат две предистраги за Тор и Дрин Ахмети, едната е за Соравиа и купувањето на овој деловен центар, која е проширена и во која има и други проверки за имот и за финансиски трансакции. Втората е во скопското обвинителство и се однесува на 749 парчиња пиротехника и огномети кои еден ден пред Нова Година беа најдени во гепекот на автомобилот на Дрин Ахмети.
Во февруари Државната комисија за спречување корупција побара Владата да го разреши раководството на Фондот за иновации технолошки развој (ФИТР) поради сомневање за незаконско постапување при доделување на пари за проекти во вредност од 81 илјада евра на фирми на Дрин Ахмети.