Георгина Родригез, партнерката на фудбалерот Кристијано Роналдо, објави снимка од вежбањето, но вниманието го украде друга девојка – нејзината ќеркичка Алана Мартина.
Додека Георгина се обидувала да вежба, Алана Мартина прво малку се „шминкала“ во заднина, а потоа прошетала до камерата, ја зела и го „упропастила“ кадарот на Георгина.
„Алана…“, се слуша на крајот на снимката како зборува Георгина.
„Ја започнувам неделава со активирање на телото со еден од главните ликови во мојот живот“, напиша Георгина, покрај снимката која за само 15 минути од нејзиното објавување веќе надмина 300.000 прегледи .
„Многу е слатка“, „Кул мајка“, „Каква мајка, таква ќерка“, напишале нејзините придружници во коментарите.
Георгина ја роди Алана Мартина во 2017 година. Кристијано Роналдо, освен Алана Мартина, ги има и децата – Кристијано помладиот и близнаците Ева и Матео кои на свет ги донесе сурогат-мајка.
ФОТО: Инстаграм