„ПАРНИ ВАЉАК“ ОФИЦИЈАЛНО ГО ПРЕТСТАВИ НОВИОТ ПЕЈАЧ Еве кој ќе го замени легендарниот Аки Рахимовски (ФОТО)
И претходно се шпекулираше дека Игор Дрвенкар ќе биде новиот фронтмен на бендот, но бендот дури денеска ги потврдија гласините.
Легендарната група „Парни ваљак“ официјално откри кој ќе го замени Аки Рахимовски.
И претходно се шпекулираше дека Игор Дрвенкар ќе биде новиот фронтмен на бендот, но од бендот дури денеска ги потврдија гласините.
– Мојата глава, моите правила feat Игор Дрвенкар, четврток, 23.03. во 12:00 часот. Премиерата на нашата нова песна на радиостаниците низ регионот и видео на нашиот канал на Јутјуб – објавија на своите официјални страници, со што потврдија дека отсега ќе настапуваат со пејачот Игор Дрвенкар, пишува „Аваз“.
Игор Дрвенкар пеел во различни бендови, а се испробал и во неколку мјузикли, меѓу кои, „Исус Христос Суперстар“ и „Убавицата и ѕверот“. Тој ги забавуваше загрепчани на пречекот на 2022 година.
View this post on Instagram
Легендарниот пејач Аки Рахимовски почина лани, на 66-годишна возраст.