Папата со осуда за насилствата меѓу Израел и Хамас
Поглаварот на Римокатоличката црква денеска се молеше за мир и меѓународна помош за да се отвори патот за дијалог.
Папата Франциск денеска ја осуди неприфатливата „спирала на насилство“ меѓу Израел и Палестинците, нагласувајќи дека убиствата, особено на деца, е „знак дека тие не сакаат да ја градат иднината, туку да ја уништат“.
Поглаварот на Римокатоличката црква денеска се молеше за мир и меѓународна помош за да се отвори патот за дијалог.
– Се прашувам: што ќе донесе таа омраза и одмазда? Дали навистина мислиме дека можеме да градиме мир уништувајќи други. Во име на Бога … апелирам за примирје и крај на насилството – потенцира Папата.