Папата првпат со поддршка за геј бракови

294

Папата Франциск во документарец кој денеска премиерно е прикажан изјавил дека геј лицата би требало да бидат во можност да го легализираат своето партнерство, пишува Ројтерс. Тоа е една од неговите најдиректни изјави за поддршка на геј лицата.

– Хомосексуалците имаат право да бидат семејство. Тие се Божји деца и имаат право на семејство – рекол папата.






– Потребно е да се направи закон за граѓанска брачна заедница. На тој начин тие би биле правно покриени. Јас се залагам за тоа – додал папата изјаснувајќи се за животното партнерство на геј лицата што до сега е невиден став во католичката црква.

Поврзани содржини