Папата одложи два големи настани поради коронавирусот

Станува збор за „Светскиот состанок за семејство“ и „Светскиот ден на младите“ кои се поместени за една година.

261

Папата Франциско одложи два големи меѓународни настани за Католичката црква поради пандемијата од коронавирусот, соопшти официјален Ватикан.

Папата го одложи „Светскиот состанок за семејство“, што требаше да се одржи во Рим следната година е откажан за 2022 година. „Светскиот ден на младите“, кој е закажан за 2022 година во Лисабон, е одложен за 2023 година, пренесуваат светските медиуми.






И двата настани, што се одржуваат секоја година на различни места низ целиот свет, привлекуваат голем број на луѓе, траат неколку дена, а традиционално папата ги затвора.

Поврзани содржини