Папараците ја уловија: Оскаровката Ема Стоун тајно се венчала ФОТО

1,044

Папараците ги уловија Ема Стоун (31) и Дејв Макери (35) во опуштено издание. Актерката во бела кошула со долги ракави и широи комбинезон, сандали  и бела капа, а нејзиниот избраник, Макери носел бела маица со принт и црни панталони.

Оскаровката е забележана како носи прстен кој е ист на оној што го носи на раката Макери.






Стоун и Макери, кој е еден од директорите на емисијата „Сабота вечер во живо“ (Saturday Night Live), ја објавија својата свршувачка на инстаграм-профилот на Макери во декември, кога тој ја сподели нивната фотографија додека Ема Стоун го држи нејзиниот свршенички прстен со бисер на кој има ореол од дијаманти.

Тие се свршија по повеќе од две години врска откако списанието „Пипл“ ја потврди нивната врска на крајот на октомври 2017 година, а тогашниот извор рече дека парот се забавува три месеци.

Ема и Дејв се запознаа кога таа беше домаќин на „Сабота вечер во живо“ кон крајот на 2016 година, па наскоро впловија во љубовна врска.

Во март, тие ја одложија венчавката поради пандемијата на коронавирусот.

– Таа е професионална во секој поглед, многу талентирана и фокусирана на својата работа и Дејв го цени тоа. Тој целосно ја поддржува и е несебичен во желбата таа да успее. Овие се одлични квалитети за еден маж – смета Ема. Таа е импресионирана од неговиот талент и неизмерно го почитува – изјави извор од филмската индустрија за „Пипл“ во декември 2019 година.

ФОТО: Твитер/Инстаграм

Поврзани содржини