Папа Франциск очекува Бајден да успее во напорите за помирување во САД и во светот

Британските медиуми наведуваат дека папата Франциск испратил порака до 46. претседател на САД веднаш по положувањето на заклетвата и изразил надеж дека Бајден ќе работи на создавањето општество со вистинска правда, слобода и почитување на правата и достоинството на секој поединец.

226

Се молам на Бога да ги насочиш своите напори за помирувањето во САД и во светот, порача денеска поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во честитката до американскиот претседател Џо Бајден, кој пред неполни два часа беше инаугуриран на највлијателната позиција во светот.

Британските медиуми наведуваат дека папата Франциск испратил порака до 46. претседател на САД веднаш по положувањето на заклетвата и изразил надеж дека Бајден ќе работи на создавањето општество со вистинска правда, слобода и почитување на правата и достоинството на секој поединец, особено на најсиромашните, најранливите и на оние кои немаат право на глас.

Поврзани содржини