Пановски: Нe влегувајте во лифт без маска, ама на отворено не ви треба
Тој советува маските задолжително да се носат и во меркети и во јавен превоз.
Надвор не треба да ја носите маската, но пред да влезете во лифт ставете ја маската, советува професорот Никола Пановски
– Најдобро е да не се користи лифтот. Тоа е мал простор и во него вирусот се задржува подолг период, бидејќи не се проветрува. Ако некој кивне во лифт и е болен од ковид-19, наредните 15 минути секој кој ќе се качи во лифтот има шанса да се зарази. Затоа е потребно маска да се става кога се влегува во лифт – изјави Пановски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
Тој советува маските задолжително да се носат и во меркети и во јавен превоз.
– Правилото е дека на два метара растојание и средба од 6 секунди нема никави шанси да се заразиме и затоа при разминување на отворено нема потреба да се носи маска. Да им појаснам на граѓаните. За да се зафати вирусиот треба да биде во милијарди честитки, а при разминување нема шанси тоа да се случи – рече Пановски.
Според него, многу е важно тие што се болни или тие што киваат и кашлаат да носта маски, за да ги заштитат другите.
Тој е против носењето ракавици, бидејќи како што рече, миењето на рацете е доволно.