ПАНИКА ВО ФРАНЦИЈА Шест аеродроми евакуирани поради закани за напад
По предупредување добиено по електронска пошта за закана од напад, евакуирани се аеродромите во Лил, Лион, Нант, Ница, Тулуз и Бове во близина на Париз.
Во Франција владее паника откако шест аеродроми се евакуирани денеска по добиените електронски пораки со„закани за напад“, изјави полициски извор за локални медиуми.
Евакуацијата на аеродромите во Лил, Лион, Нант, Ница, Тулуз и Бове во близина на Париз ќе им овозможи на властите „да ги расчистат сите сомнежи“ дека заканите би можеле да се реални, рече изворот.
Шест аеродроми беа погодени од ова предупредување добиено по електронска пошта, пренесува порталот Франс 3.
На аеродромот во Тулуз Блањак од утрово безбедносните мерки се подигнати на највисоко ниво поради предупредување за сомнителен пакет.
Полицајците беа брзо испратени на местото на настанот за да ја преземат контролата на ситуацијата според стандардната процедура.