Пандев не гласал ниту за Меси, ниту за Роналдо – еве кој е најдобриот фудбалер на светот според нашиот капитен

Во изборот на ФИФА учествуваа селекторите и капитените на националните тимови, односно новинарите и навивачите.

2,179

Роберт Левандовски ја доби наградата на ФИФА, The Best, која му се доделува на најдобриот фудбалер во светот. Напаѓачот на Баерн Минхен, со тимот ги освои сите трофеи во 2020 година, со учинок од 55 гола на 47 натпревари.

Наградата за тренер на годината му припадна на Јирген Клоп, кој во изборот победи пред стратегот на Баерн Минхен, Ханс-Дитер Флик.






Во изборот на ФИФА учествуваа селекторите и капитените на националните тимови, односно новинарите и навивачите.

Левандовски на крајот освои 52 гласа, Кристијано Роналдо – 38, а Лионел Меси – 35. Зад најдобрите тројца завршија Садио Мане – 29, Кевин Де Брујне – 26, Мохамед Салах – 25, Килијан Мбапе – 19, Тијаго Алкантара – 17, Нејмар – 16 и Вирџил ван Дајк – 13.

Нашиот капитен на фудбалската репрезентација, Горан Пандев, гласал за Левандовски, Мбапе и за Де Брујне за фудбалер на годината, а гласовите за тренер на годината од него ги добиле Флик, Бијелса и Клоп.

Селекторот Игор Ангеловски гласал за Левандовски, Меси и Салах, односно за Клоп, Флик и Бијелса.

Поврзани содржини