Пандев и Елмас неизвесни за дуелот со Косово? Џенова потврди 14 позитивни на ковид-19
Засега не се познати имињата на фудбалерите кои се сместени во самоизолација, има шанси и македонските репрезентативци да се меѓу заразените со оглед на тоа дека поминаа извесно време на теренот.
Mакедонската репрезентација е во изчекување на резултатот од корона-тестот на Горан Пандев, откако Џенова потврди 14 позитивни случаи на ковид-19 во своите редови, од кои 11 се фудбалери.
Genoa, il numero dei positivi al coronavirus sale a quattordicihttps://t.co/nzHwTIyU4N
— skysport (@SkySport) September 28, 2020
Од Италија се шират шпекулации дека дури шестмина од заразените играчи настапиле во поразот од Наполи, па шансите се големи вирусот да биде присутен и во редовите на тимот за којшто игра Елиф Елмас, што исто така претставува проблем за националниот тим.
Засега не се познати имињата на фудбалерите кои се сместени во самоизолација, има шанси и македонските репрезентативци да се меѓу заразените со оглед на тоа дека поминаа извесно време на теренот.
Секако, се надеваме дека Пандев и Елмас се потполно здрави и избегнале контакт со корона-вирусот, инаку нивно евентаулно отсуство ќе значи огромен хендикеп за Македонија за претстојниот важен меч против Косово во плејофот од Лигата на нациите.
Во меѓувреме, дуелот на Џенова против Торино во следното коло многу веројатно ќе се одложи, додека пак во исчекување на вести од Наполи ќе знае дали дербито против Јувентус е под закана да биде преместено во некој нареден термин.