Пандемијата многу повеќе ги погоди жените отколку мажите

Во земјите-членки на Европската унија е забележано зголемување на семејното насилство за време на коронакризата. Во Франција, бројот на пријави за насилство се зголеми за 32 проценти во првите неколку недели, во Литванија за 20 проценти, а во Шпанија за 18 проценти.

398

Пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19 особено ги погоди жените затоа што тие се во првите редови на професиите во кои тие често се застапени како лекари, медицински сестри, наставници или продавачки, но и дома, каде што презедоа уште повеќе одговорности, се вели во извештајот објавен од страна на Комисијата пред Меѓународниот ден на жената.

Повеќе од три четвртини, 76 проценти од вработените во здравствената и социјалната заштита се жени, а 86 проценти од работниците за лична нега во здравствените услуги се жени. Во времето на пандемијата, жените во овие сектори се соочија со невидено зголемување на обемот на работа, здравствени ризици и предизвици во рамнотежата на деловниот и приватниот живот, се вели во извештајот.






– Да одвоиме момент за да им се заблагодариме на жените за нивната храброст, сочувство и придонес во борбата против оваа криза, вклучувајќи ја и нивната грижа за функционирањето на нашите општества и системите за грижа и достапноста на најосновните услуги“, стои во соопштението од Комисијата.

Пандемијата имаше силно влијание врз родовата еднаквост и положбата на жените

Во земјите-членки на Европската унија е забележано зголемување на семејното насилство за време на коронакризата. Во Франција, бројот на пријави за насилство се зголеми за 32 проценти во првите неколку недели, во Литванија за 20 проценти, а во Шпанија за 18 проценти.

Жените се мнозинство во секторите кои се најтешко погодени од пандемијата – трговија на мало, угостителство, нега и домашни работи – затоа што овие професии не можат да се практикуваат од далечина. За време на заклучувањето, жените поминувале во просек 62 часа во грижа на децата, во споредба со 36 часа кај мажите, 23 часа неделно извршувале домашни работи, додека мажите 15 часа.

Иако повеќето од најизложените здравствени работници се жени, тие едвај беа застапени во пандемиските процеси на донесување одлуки. На пример, во 87 земји, вклучително и 17 земји-членки на Унијата, 85,2 проценти од националните работни групи беа предводени од мажи, се вели во извештајот.

Вработувањето на жените во ЕУ падна нешто повеќе од вработувањето на мажите на почетокот на пандемијата, а оттогаш жените имаат потешкотии да најдат нови работни места.

– Од друга страна, услужните сектори кои не биле толку нарушени од природата на нивниот бизнис, како што се информациите и комуникациите, финансиите и осигурувањето, кои пред се вработуваат мажи, каде се забележува зголемување на стапката на вработеност – заклучи Комисијата.

Поврзани содржини