ПАНДЕМИЈАТА ГО ТРЧА ПОСЛЕДНИОТ КРУГ? Наскоро животот ќе се врати во нормала?
Ќе имаме релативно мирна пролет и мирно лето, конечно ќе му се вратиме на нормалниот живот. Веројатно и ќе ги симнеме маските, бидејќи делува дека короната со омикронот го трча последниот круг, вели Јанковиќ.
Пикот на актуелниот бран ќе биде на средината од февруари, бројките ќе бидат високи, но траењето на заразеноста е пократко, вели проф. д-р Радмило Јанковиќ, заменик директор на Универзитетскиот клинички центар во Ниш.
Тој наведе дека спуштањето на епидемиолошката крива се очекува во наредниот период.
– Ќе имаме релативно мирна пролет и мирно лето, конечно ќе му се вратиме на нормалниот живот. Веројатно и ќе ги симнеме маските, бидејќи делува дека короната со омикронот го трча последниот круг – вели Јанковиќ.
Лекарот додава и дека омикронот успеал да го воспостави природниот еволутивен пат помеѓу вирусот и неговиот домаќин, односно создадени се услови за соживот.
– Вирусот ќе се пренесува меѓу луѓето и во иднина, но нема да им го загрозува животот, а нема да претставува проблеми ширм планетата во правец на слободно движење и функционирањето на економијата. Сепак, треба да почекаме да видиме да помине зимскиот период на јужната хемисфера и да видиме дали не чека нова мутација – додава тој.