Панчевски во бегство, полицијата го бара на повеќе локации
Постапуваме по судска наредба за приведување на лицето В.П. и во моментот кога ќе ќе биде лоциран, тој ќе биде приведен - велат од МВР.
Полицијата трага по поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, по кого е издаден налог за апсење, откако вчера велешкиот суд му одреди мерка притвор, бидејќи не се појавувал на рочиштата за случајот „АКМИС”.
Како што дознаваме, полицијата синоќа го барала во неговиот дом, но тој не бил таму, а денеска, пак, го бараат на повеќе локации на кои се претпоставува дека би можел да престојува.
– Постапуваме по судска наредба за приведување на лицето В.П. и во моментот кога ќе ќе биде лоциран, тој ќе биде приведен – велат од МВР.