Панчев: Нема да биде лесно со Украинците, тие се типична руска школа

Украина е една типична екипа која сè уште ја поседува онаа позната руска школа од порано, со пас играл, силни се физички, цврсти, високи, одлични во скок игра - вели легендарниот македонски фудбалер.

277

Македонскиот фудбалер Дарко Панчев во гостувањето во емисијата „10 минути“ на „ТВ21“, зборува за учеството на Македонија на Европското првенство.

По поразот од Австрија во првото коло, денес противник на фудбалската репрезентација е Украина.






На прашањето какви се шансите за победа во овој натпревар, Панчев вели дека на овој меч нема да биде ништо полесно во однос на оној со Австрија.

Сепак, додава дека секогаш шанси за успех има. Инаку, за помладите генерации, Дарко Панчев со белградска Црвена Звезда во 1991-ва година стана европски првак, потоа ја освои „Златната копачка“, односно беше најдобар стрелец таа година во Европа, а играше едно време и за италијанскиот гигант Интер.

– Украина е една типична екипа која сè уште ја поседува онаа позната руска школа од порано, со пас играл, силни се физички, цврсти, високи, одлични во скок игра. Впрочем, со Холандија дадоа гол по прекин со глава, знаат да играат фудбал, како и цела источна Европа, која ја гаела таа игра со пасови, така и Украинците. Така да мислам дека нема да ни биде полесно отколку со Австрија – посочи Панчев.

Поврзани содржини