Памела Андерсон исчезна од социјалните мрежи: Нема да заработувате пари на мене!
ТИЕ тоа го сакаат и користат да заработат пари на вас. Вратете ја контролата над мозокот - напиша Памела Андерсон.
Познатата актерка 53-годишната Памела Андерсон во својата последна објава на Инстаграм засекогаш се збогуваше од друштвените мрежи. Популарната ѕвезда од ТВ серијата „Чувари на плажата“ одлучи повеќе да не ги користи Фејсбук, Инстаграм и Твитер и објасни зошто нема да го прави тоа.
– Ова е мојот последен пост на Инстаграм, Твитер и Фејсбук. Никогаш не ме интересирале социјалните мрежи. Сега конечно пронајдов мир во својот живот. Инспирирана сум од читањето и престојот во природа. Јас сум слободна – напиша Андерсон.
– Ви благодарам за љубовта, на сите им испраќам благослови – додаде таа.
– Се надевам дека ќе најдете сила и инспирација и дека ќе ја следите својата цел на постоење и дека нем,а да ве заведе изгубеното време – вели познатата чуварка.
– ТИЕ тоа го сакаат и користат да заработат пари на вас. Вратете ја контролата над мозокот – напиша Памела Андерсон.
View this post on Instagram