Палмер: Тужбата за геноцид нема да го реши спорот меѓу Србија и Косово

- Тие мора да имаат основа за тоа, а тоа е прашање што мора да се реши пред да се покрене тужба. Комплицирано е - изјави Палмер за косовски РТВ21.

286

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, по повод најавената тужба на Приштина против Србија за геноцид, рече дека „не смета дека таквиот пристап ќе придонесе за решавање на спорот меѓу Косово и Србија“, пренесува N1. Тој додава дека тоа е „независна одлука на Косово“ ако сака да продолжи со тужбата.

– Тие мора да имаат основа за тоа, а тоа е прашање што мора да се реши пред да се покрене тужба. Комплицирано е – изјави Палмер за косовски РТВ21.






Тој во едно интервју рече дека Америка би сакала да гледа помалку фокусирање на минатото и повеќе на иднината меѓу страните во дијалогот меѓу Белград и Приштина, но и во целиот регион.

– Важно е за иднината на Косово да најде заеднички јазик со Србија, да се постигне договор за нормализирање на односите и да се најде начин да се придвижи овој процес напред – рече Палмер.

Заменик-помошникот државен секретар на САД посочи дека треба да се исполни сè што е договорено во Брисел.

– Заедницата на српски општини е обврска што Косово ја презеде и таа треба да ја исполни – рече тој. Сите договори треба да се спроведат, дури и во случај на работа на дополнителни договори, кои се насочени во вистинската насока, додаде тој.

Одговарајќи на изјавата на новинарите дека Договорот за ЗКК, што беше постигнат во Брисел, беше „прогласен за неуставен од Уставниот суд на Косово“, Палмер вели дека е сигурен дека постојат механизми врз основа на кои Косово би можело да формира ЗКК во согласност со Уставот.

Тој исто така верува дека има простор за постигнување на компромисно решение.

– Сè додека сите разбираат кон што се стремат, а тоа е нормализирањето на односите кое им го отвора патот кон ЕУ, како за Косово, така и за Србија – рекол тој.

Палмер се осврна и на договорот за слободата на движење, велејќи дека има простор да се подобри спроведувањето на овој договор.

Поврзани содржини