Палевски до Русковска: Вештачете ги телефоните на Камчев и ќе видите колку пати Заев го рекетирал?!
Тој тврди дека токму за „Рекет" постојат комуникации помеѓу Камчев и Заев без посредници, „директно и кешално", а обвинува и дека Заев споделувал „доверливи информации".
Контроверзниот Љупчо Палевски, кој своевремено јавно, преку разглас, во Прилеп, објавуваше „бомби” и за кого постоеја сомневања дека објавува нелегални снимки на интернет преку анонимни канали, денеска побара обвинителната Вилма Русковска да ги вештачи телекомуникациските уреди на бизнисменот Орце Камчев.
„Орце Камчев да ги достави сите комуникациски уреди за да се извештачат и да се расчисти дали имал комуникација со Зоран Заев.
Ве уверувам, ќе видите колку пати Орце бил рекетиран и колку пати Зајев зел кеш за себе и фамилијата.
Ќе видите купишта на комуникации лично со Зоран Заев без посредници.
Доколку имате храброст да бидете на минимум од обврската од закон што Ве обврзува, со вештачењего ќе имате доказ колку пари Орце има платено на Заев за локалните избори 2017 година”, напиша Палевски на Фејсбук.
Тој тврди дека токму за „Рекет” постојат комуникации помеѓу Камчев и Заев без посредници, „директно и кешално”, а обвинува и дека Заев споделувал „доверливи информации”.
Со вмешувањето на Палевски во размената на нелегални снимки во кампањата, како и со објавувањето на контроверзната аудио снимка од Александар Верушевски, со очекува „бомбашката кампања” допрва да се интензивира.