Палевски: Активисти на „Бојкотирам“, новинари и политичари биле следени во операцијата „Атлантик“

1,650

Пред референдумот за промена на името на државата, биле прислушкувани и следени новинари, политичари и активисти на движењето „Бојкотирам“ во операцијата со кодно име „Атлантик“ и тие се товарат со тешки обвинувања за домашен терорирам и македонски екстремизам, откри денеска на прес конференција Љупчо Палевски.

Според него, сите активисти на „Бојкотирам“ се следени, фотографирани и снимани. Предметот содржел 1.400 страници, а на Палевски, како што рече, му го доставиле патриоти во службата кои веќе не можеле да го издржат притисокот.






Во овој предемет, според Палевски, прислушувани се тој, Стевче Јакимовски, уредници, новинарот од Инфомакс Александар Митовски, Солза Грчева, Христијанско братство, Жарко, Драган Угриновски, Јанко Бачев, Сотир Костов, Розијана Новоселска и нејзината фирма, односно сите кои биле ангажирани во одбрана на името на 30 септември во 2018 година и против референдумот. Во оваа акција биле вклучени и навивачките групи Комити, Чкемабри, Гемиџии и сите со ПИ мерки со месеци биле следени, прислушкувани и снимани.

– Тоа прислушкување може да трае и денеска. Врз основа на формално-правната предистрага насловена како „Атлантик“ ниту еден активист на „Бојкотирам“ не е повикан во ниту една правосудна институција на Република Македонија, барем да ни побраат една изјава дека подготвуваме тероризам, како македонски екстремисти. До ден-денеска верувам дека и за овие избори кој било полицаец, со еден обвинител послушник може да отворат предистрага и може да побраат потписи, согласност на судија во претходна постапка. И можат кого било и каде било да го слушаат, следат и да му ја нарушуваат приватноста – истакна Палевски.

Според него, така е протеран и третиот руски секретар од руската амбасада во Македонија, а таква била приказната и со рускиот бизнисмен Савидис во Солун.

Палевски го посочи техничкиот премиер Оливер Спасовски како најдоговорен за следењето на активистите на „Бојкотирам“, зашто тогаш бил министер за внатрешни работи, а Николовски, директорот на УБК, кого го нарекува „Џони гитара“ и за кого вели дека бил поставен од тогашниот американски амбасадор Џес Бејли, директно го реализирал сето ова.

– Затоа барам од ЕУ и од американската амбасада да ги заштитат моите македонски права. Нашиот систем е киднапиран, нашиот систем не постои, нашиот систем е мафијашки – додаде Палевски.

 

 

Поврзани содржини