„ПАЛЕСТИНСКА ДРЖАВА НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ“ Нетанјаху со остра критика до државите што ја признаваат Палестина

Одговорот на неодамнешниот обид да ни се наметне терористичка држава во срцето на нашата земја ќе биде даден по моето враќање од САД. Почекајте, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

77

Палестинска држава „нема да се случи“, рече синоќа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој остро ги критикуваше државите што ја признаваат независноста на Палестина.

– Имам јасна порака до оние лидери кои признаваат палестинска држава по ужасниот масакр на 7 октомври – вие давате огромна награда на тероризмот – рече Нетанјаху во видеоизјава.






Нетанјаху додаде дека палестинска држава нема да се воспостави западно од реката Јордан.

– Одговорот на неодамнешниот обид да ни се наметне терористичка држава во срцето на нашата земја ќе биде даден по моето враќање од САД. Почекајте – нагласи Нетанјаху.

Израелскиот премиер изјави дека под негово водство Израел го удвои бројот на еврејски населби во Јудеја и во Самарија, како што Тел Авив го нарекува окупираниот Западен Брег, и додаде дека ќе продолжи по тој пат.

Велика Британија, Канада и Австралија, а подоцна и Португалија, вчера официјално ја признаа државата Палестина.

Палестина моментално е признаена од околу 75 проценти од 193-те земји-членки на ОН, но нема меѓународно договорени граници, главен град или армија.

Од ноември 2012 година таа има статус на држава набљудувач, која не е членка на Генералното собрание на Обединетите нации.

Во Генералното собрание на ОН за денеска е закажана меѓународна конференција на високо ниво за мирно решение на палестинското прашање и спроведување на решение за две држави, а на неа се очекува и други западни земји , како Франција, Белгија и Нов Зеленд да ја признаат независноста на Палестина.

Поврзани содржини