ПАЛЕСТИНСКА ДРЖАВА НЕМА ДА БИДЕ СОЗДАДЕНА Признавањето на Палестина е срамно предавање пред тероризмот, обвини Нетанјаху

Признавањето на палестинска држава од страна на некои лидери нема да го обврзе Израел на никаков начин, се наведува во соопштението од Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на платформата Икс.

194

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа го осуди признавањето на палестинската држава од страна на неколку западни лидери, нарекувајќи го „срамно предавање пред тероризмот“.

„Признавањето на палестинска држава од страна на некои лидери нема да го обврзе Израел на никаков начин. Палестинска држава нема да биде создадена“, се наведува во соопштението од Кабинетот на израелскиот премиер на платформата Икс.






Нетанјаху во Њујорк ќе се сретне со повеќе светски лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп.

„Тајмс оф Израел“ објави дека стотици демонстранти се собраа на аеродромот „Бен Гурион“ за да протестираат против Нетанјаху пред неговиот лет за Њујорк на Генералното собрание на Обединетите нации. Тие бараат договор со Хамас за враќање на заложниците дома.

Поврзани содржини