ПАЛЕЛЕ КАБЛИ ВО ПАРК ВО АЕРОДРОМ Двајца млади уапсени поради „предизвикување општа опасност“

Полицијата ги лиши од слобода и најави поднесување соодветна пријава за „предизвикување општа опасност“.

864

Двајца млади од скопското село Трубарево, на возраст од 23 и 26 години, се уапсени од полицијата поради „предизвикување општа опасност“ во населбата Аеродром.

Според информациите на МВР, во неделата околу 12:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Аеродром ги лишиле од слобода Т.М.(23) и И.М.(26). Случајот бил пријавен од вработен во Општина Аеродром, кој информирал дека во парк на булевар „Февруарски поход“ две лица палеле кабли.






По брзата интервенција на полицијата, двајцата биле затекнати на местото на настанот и приведени. Тие се задржани во полициска станица, а од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини