ПАЛЕЊЕТО НА КЛУБОТ НЕМА ДА ГИ НАРУШИ ОДНОСИТЕ Генчовска со оптимизам се враќа во Скопје

314

„Никогаш од бугарска страна“, кусо одговори министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска, на новинарското прашање на СДК.мк, дали е можно подметнатиот пожар во бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола да е провокација од бугарска страна за да ги наруши односите меѓу двете држави.

– Овој инцидентот нема да ги наруши односите, но ова ќе биде еден доказ од Северна Македонија дека не се користи насилство и против говорот на омраза. Продолжуваме со многу конструктивниот дијалог. Морав да излезам од средбата со Бујар Османи, сега се враќам пак, продолжуваме. Мислам дека ќе се договориме за нештата кои треба да се завршат од страна на Република Северна Македонија да биде исполнет договорот –  рече Генчовска.

Шефицата на бугарската дипломатија е во посета на земјава денеска и утре на покана од нејзиниот македонски колега Османи.
фото: Тера.мк
Поврзани содржини