ПАЛЧО ПОБАРАЛ АДВОКАТ, СУДОТ ЌЕ ГИ КОНТАКТИРА ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ИМИЊА Наскоро ќе даде исказ за притворот

329

Осомничениот Љупчо Палевски – Палчо за убиството на Вања Ѓорчевска (14) и на Панче Жежовски, побарал адвокат кој ќе го застапува, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Палевски на 15 мај беше екстрадиран од Турција и пренесен во Истражниот затвор Скопје.






„Од Истражниот затвор Скопје до Основниот кривичен суд Скопје е доставено официјално известување за екстрадицијата на осомничениот за кој веќе е определна мерка притвор од негово пронаоѓање, односно лишување од слобода, како и барање за ангажирање на адвокат кој ќе го застапува во текот на постапката. Судот, во рамки на Законските одредби ги издава сите дозволи поврзани со истражната постапка која е во надлежност на Основно јавно обвинитeлство – Скопје и добиените барања ги доставува до предложените адвокати за нивно понатамошно постапување.

Дополнително, судија на претходна постапка во координација со надлежниот Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод на осомниченото лице за негово произнесување во однос на околностите во предлогот на Јавниот обвинител за определување на мерката притвор, а за донесеното решение јавноста ќе биде благовремено известена“, се наведува во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

 

Поврзани содржини