„ПАЛЧО МИ ЈА ДАДЕ ИЗЈАВАТА ДА ЈА ПРЕПИШАМ И ДА ЈА ПОТПИШАМ“ Кешишев рече дека два пати се возеле сами со Палевски на судење

Денеска Кешишев рече дека првообвинетиот Љупчо Палевски му ја дал изјавата додека биле сами во полициско возило и му рекол да ја препише и да ја потпише.

3,169

Адвокатот на Влатко Кешишев денеска побара дозвола да се даде појаснување за изјавата што обвинетиот Кешишев ја достави до судот на претходното рочиште. Денеска Кешишев рече дека првообвинетиот Љупчо Палевски му ја дал изјавата додека биле сами во полициско возило и му рекол да ја препише и да ја потпише.

– Изјавата не е моја, ми беше даден лист да препишам и да го потпишам – рече Кешишев.






– Кој ви го даде? – праша судијата.

– Палчо – рече Кешишев.

– Зошто напишавте? – праша судијата.

– Од страв од Палчо – рече Кешишев.

Тој објасни дека Палчо му го дал листот при транспортот од суд.

– Сами ве пренесуваа, заедно? – праша судијата.

– Два пати бевме заедно во комбето – рече Кешишев.

Судијата Ивица Стефановски му рече на Кешишев дека ова ќе може да го каже подоцна при својата одбрана.

Обвинетиот Влатко Кешишев на рочиштето одржано на 20 ноември ја повлече изјавата дека Љупчо Палевски бил присутен за време на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Кешишев во изјавата која ја достави преку затворот до судот наведе дека Велибор Манев им вршел притисок да кажат дека Палчо е организатор и дека тој пукал. Манев наводно им се заканил на него и на Боре дека ќе ги здробат ако не кажат така.

КЕШИШЕВ ЈА ПОВЛЕКОЛ ИЗЈАВАТА ДЕКА ПАЛЕВСКИ БИЛ СО НИВ ЗА ВРЕМЕ НА УБИСТВАТА Напишал дека згрешил што го послушал Манев да лаже

Поврзани содржини