„Палатата на Путин“ на Јутјуб со повеќе од 100 милиони прегледи ВИДЕО

Навални видеото го објави во пресрет на повикот за масовни протести за одзивот на граѓаните да биде уште поголем. Тој филм на фондацијата на Навални и натаму се користи за мобилизирање на повеќе протестанти кои на протест се повикани и викендов

1,063

Филмот на рускиот дисидент Алексеј Навални за раскошната палата на Црно море во сопственост на Владимир Путин, што шефот на руската држава го демантира, на Јутјуб го виделе повеќе од 100 милиони луѓе.

Навални видеото го објави во пресрет на повикот за масовни протести за одзивот на граѓаните да биде уште поголем.






Тој филм на фондацијата на Навални и натаму се користи за мобилизирање на повеќе протестанти кои на протест се повикани и викендов.

Во двочасовниот филм „Палата за Путин“, кој како што тврди Навални, е приказна за подмитување, во детали е прикажано величенствениот имот на брегот на Црно море на површина од речиси 18.000 квадратни метри.

Авторите на филмот тврдат дека околниот простор е речиси 40 пати поголем од Монако, и дека тоа здание наводно чини 100 милијарди рубљи или околу 1,12 милијарди евра.

Путин соопшти дека палатата не е негова ниту на било кој член од неговото семејство.

Поврзани содржини