ПАКИСТАН БАРА ПОМОШ, НАД 1.000 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО ПОПЛАВИТЕ Реките носат цели згради (ВИДЕО)

Бројот на загинати од монсунските дождови во Пакистан достигна 1.033, а 119 загинаа во претходните 24 часа, соопшти Националната управа за управување со катастрофи.

1,019
Големи поплави однесоа 1.033 живот во Пакистан. Само Во последното деноноќие загинаа 119 луѓе. Земјата е очајна за меѓународна поддршка, изјави за Би-Би-Си, претставникот на Министерството за внатрешни работи Салман Суфи. Соединетите Американски држави, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и други земји одговорија на повикот за закрепнување од катастрофи, но потребни се повеќе средства, велат властите.






– Пакистан се бореше со економски проблеми, но сега, токму кога требаше да ги надминеме, се случи катастрофата од монсуните – рече Суфи.

Тој додаде дека средствата од многу развојни проекти се пренасочени кон ранливите. Во северозападниот дел на земјата, илјадници луѓе ги напуштија своите домови откако реките во провинцијата Хајбер Пахтунхва се излеаа од коритата, предизвикувајќи огромни поплави.

Како што потсетува Радио Слободна Европа, од катастрофата беше тешко погодена и провинцијата Синд на југоистокот на земјата, а илјадници луѓе ги напуштија своите домови.

Поврзани содржини