ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА ОД РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ И ЗА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ Новогодишни подароци од „Sport Life“
Беа поделени вкупно 114 пакетчиња, во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, Куманово, во Здружение регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“, Куманово, како и во ЈУ Детски дом „11 Октомври“- Скопје.
„Sport Life“ обложувалници ја продолжија традицијата од последните неколку години и оваа година им подарија новогодишни пакетчиња на децата од социјално ранливите категории и на лицата со попреченост, соопшти компанијата.
Од страна на тимот на „Sport Life“ во празнична атмосфера и заедничка дружба, беа поделени вкупно 114 пакетчиња, во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, Куманово, во Здружение регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“, Куманово, како и во ЈУ Детски дом „11 Октомври“- Скопје.
– За нас посетата и грижата за дечињата од ранливите категории и за лицата со интелектуална попреченост претставува благородна традиција и дел од нашата визија за општествена одговорност и поддршка на сите ранливи категории во општеството. Им благодариме за топлиот прием и нивните драги насмевки, кои навистина многу ни значат. Воедно им ја честитам Новата година и им посакувам многу здравје, радост и среќа на сите дечиња и на сите наши граѓани во името на „Sport Life“ обложувалници – изјави Петар Поцков, маркетинг директор на „Sport Life“.