ПАК ЛИ ЌЕ ИМ ПЕЕ ХАРИС ЏИНОВИЌ НА ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ ВО ДУБАИ? Ќе слават ли на Бихаќка по дубајско време, прашува ВМРО-ДПМНЕ
Остана неодговорено и како Филипче од докторска плата „собра“ пола милијарда евра, затоа што толку се потребни за добивање златна виза во Дубаи преку инвестиција или бизнис, соопштени ВМРО-ДПМНЕ.
Откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев одамна се смести во Дубаи, а Венко Филипче побрза да избега кај него за празниците, се поставува прашањето дали на Бихаќка си честитаат Нова година по дубајско време како нивниот лидер и неговиот намесник, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали и овој пат на забавата главна ѕвезда ќе биде Харис Џиновиќ или некоја друга балканска турбофолк „ѕвезда“, тоа ќе се види на снимките како што и претходно видовме како Филипче радосно го снима неговиот лидер Заев додека се забавува. Веројатно дека покрај Новата година, во Дубаи на забавата ќе се прославува и нивната инвестиција, 42-катница, нешто што повеќе пати е потврдено како од намесникот Филипче и СДСМ, така и од сведоштвото на поранешниот соработник на Зоран Заев, Тома Аврамски“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Остана неодговорено како Филипче од докторска плата „собра“ пола милијарда евра, затоа што толку се потребни за добивање златна виза во Дубаи преку инвестиција или бизнис, се додава во соопштението.
„Досега не видовме доказ дека златната виза ја добил на поинаков начин, иако велеше дека ќе покаже. Македонската јавност чека одговори“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.