Падот на меѓународните цени на горивото го урниса профитот на ОКТА

241

ОКТА ја започна 2020 година со одлични достигнувања на продажните количини на двата пазари на кои делува, но претрпе неповолни ефекти од падот на меѓународните цени на горивото поради пандемијата на ковид–19.

Како што соопшти компанијата, и покрај високите продажни количини ефектот од падот на меѓународните цени на горивото резултираше со негативно ниво на профит.






„Приходите од продажба достигнаа 4,9 милиони денари, споредено со 5,6 милиони денари истиот период минатата година. Бруто маржата, следејќи го истиот тренд, достигна негативно ниво од 133 милиони денари, што е значително пониско споредено со 232 милиони денари во истиот период минатата година, главно поради споменатиот негативен ефект од падот на меѓународните цени на горивото. Ова доведе до исправка на вредноста на залихите во износ од 171,3 милиони денари, како и негативен ефект на залихите во износ од 166 милиони денари“, соопштија од ОКТА.

Добивката пред оданочување во првиот квартал од 2020 година, додаваат, достигна негатива од 323 милион денари, споредено со добивката пред оданочување од 29 милиони денари забележана истиот период минатата година.

Поврзани содржини