Паднати дрва ставија рампа на патот Пехчево-Делчево (ФОТО)

Наши екипи интервенираа на неколку места каде има паднати дрвја кои го попречуваат движењето на возилата. Апелираме на внимателност на овој патен правец, каде од утрово на места се вози по снежни коловози - истакнаа од „Македонија пат”.

341

Интензивните снежни врнежи создадоа проблеми на дел од патните правци во Пијанечко-малешевскиот регион. Поради обилниот снег од утрово забележани се паднати дрвја на коловозот од патниот правец Пехчево – Делчево, поради што надлежните од „Македонија пат” апелираат на внимателно возење.

– Во пехчевскиот крај во текот на ноќта имаше нови снежни наноси кои создадоа проблеми на дел од патот. Наши екипи интервенираа на неколку места каде има паднати дрвја кои го попречуваат движењето на возилата. Апелираме на внимателност на овој патен правец, каде од утрово на места се вози по снежни коловози – истакнаа од „Македонија пат”.






Додадоа дека на останатите патни правци засега нема поголеми проблеми, освен на патот Делчево – Кочани каде се можни одрони.

– Синоќешните одрони кои создадоа проблеми на возачите на овој патен правец се исчистени. Сепак. имајќи предвид дека во вакви временски услови тие се чести, им препорачуваме на возачите прилагодување на брзината на овој патен правец – додадоа надлежните од претпријатието.

Екипите на „Македонија пат“, како што додадоа, и понатаму остануваат на терен за отстранување ка накви било проблеми кои ќе бидат забележани на патот.

Поврзани содржини