Паднаа „YouTube“, „Gmail“ и други услуги на „Google“
Дури 84 проценти од апликациите се поврзани со најавување, додека 15 проценти со пребарувачот. Засега е непознато што предизвикало толку масовно уривање на системот.
Корисниците известуваат дека одредени услуги на „Google“, како што се „YouTube“, „Gmail“ и „Google Docs“, не се достапни.
Според „Downdetecter“, има значително зголемување на извештаите за проблеми.
Проблеми се пријавени и во остатокот од светот.
Дури 84 проценти од апликациите се поврзани со најавување, додека 15 проценти со пребарувачот. Засега е непознато што предизвикало толку масовно уривање на системот.
Многу корисници не можат да пристапат до „Gmail“, а не функционираат ниту „YouTube“, „Nest“, „Gmail“, „Docs“, „Youtube“ … Падна „Google Meet“, преку кој многумина одржуваат часови на Интернет.
Проблемите започнаа нешто пред 13 часот.
Сè уште нема официјални информации на „Google“ за недостапните услуги.