ПАДНАА СЕРВЕРИТЕ ИЛИ ПАНДОРИНИТЕ ДОКУМЕНТИ? Кој и зошто го „скина“ Фејсбук?

ДНС серверите и БГП протоколите паднаа. Но, како е можно, кога Фејсбук има десетици, ако не и стотици илјади свои сервери низ светот? И баш во истиот ден кога беа објавени Пандорините документи, во период од шест часа кога на вработените „магично“ им откажале картичките со кои се отчукуваат за да влезат во канцелариите... Ден пред компанијата да биде изведена на судење пред Сенатот за лошото влијание врз младите на нејзината подружница Инстаграм.

5,284

Светот не остана во темница, но дефинитивно падот на Фејсбук е најголемиот од постоењето на интернетот: додека Марк Закерберг изгуби 6 милијарди долари за неколку часа, а над 3,5 милијарди луѓе останаа без можноста да се пофалат што јаделе или каде биле на својот профил, едно е јасно: проблемот очигледно не е само „внатрешен технички пропуст“. На истиот ден кога протекоа „Пандорините документи“, откажаа ДНС-серверите на најголемата социјална платформа, а компанијата уште се правда дека „нема докази дека податоците на корисниците се компромитирани“.

Колку информации има Фејсбук за нас и дали некој вчера реши да ги откупи? Откако Фејсбук се поврати во живот по шест часа, ништо не функционираше како порано. Постирањето сега е поспоро, дофатот на постовите е помал, месенџерот се губи, а сè на сè беа пријавени 10,6 милиони проблеми. Беа ли тие шест часови доволни за да се избришат „сомнителните“ податоци поврзани со Фејсбук и со неговото раководоствто – часови во кои ниту вработените не можеле да дојдат до своите канцеларии?






Некои извештаи сугерираат дека седиштето на Фејсбук било во „топење“. Дури и „луѓето што се обидуваат да сфатат што е овој проблем“ не можеа да пристапат до зградата, изјави технолошката репортерка на Њујорк Тајмс, Шира Френкел за Би-Би-Си.

Фејсбук „падна“ токму пред судењето во Сенатот

Фејсбук отиде офлајн во најтешкиот момент за компанијата, пишува Би-би-си, кога компанијата се наоѓа пред суд за нејзиното влијание во општеството.

Во неделата, поранешна вработена во Фејсбук, Френсис Хоген, за вестите на Си-Би-Ес изјави дека компанијата имала приоритет на „растот на профитот над безбедноста“. Денес, таа ќе сведочи пред поткомитетот на Сенатот на сослушување со наслов „Заштита на децата преку Интернет“, за истражувањето на компанијата за влијанието на Инстаграм врз менталното здравје на младите корисници.

Компанијата веќе еднаш беше на ваков тип на судење кога се дозна за предизборните измами на фирмата „Кембриџ аналитика“ која користела протечени информации од Фејсбук за да направи лажна анкета во корист на Доналд Трамп за изборите во 2016 година во Америка.

Без ДНС сервер, не можете да стигнете до Пандорините документи

Од друга страна, документите на Пандора, исто така, неодамна излегоа на виделина, а во нив беа вклучени голем број јавни личности и организации ширум светот со сериозни проневери. ДНС серверите што повеќе не работат и не ги пренасочуваат корисниците на адресите на Фејсбук се во сопственост на Фејсбук, така што веќе почнаа да кружат приказни за тоа како неколку работи погодно се совпаднале со ова исклучување на Фејсбук мрежата, особено кога се знае дека истите ДНС сервери, исто така, ја контролираат е-поштата на Фејсбук.

За среќа, Пандорините документи ги има на Јутјуб, а светските медиуми секојдневно објавуваат нови информации за светските моќници:

Фејсбук има десетици илјади сервери, не е можно сите заедно да паднат

Исклучително мала е можноста Фејсбук да падне, бидејќи компанијата има десетици илјади сервери низ целиот свет, смета ИТ експертот Марко Ракар за хрватски Индекс.

– Можно е привремено да се оневозможи инфраструктурата, да се спречи нејзиниот пристап, но речиси е невозможно целосно да се урне. Тие се децентрализирани на десетици, ако не и стотици илјади сервери низ целиот свет. Исклучително е тешко да се замисли дека такво нешто би било можно. Но, секогаш постои некое „но“. Во одреден момент, некој ќе се сети како да го направи тоа за да постои теоретска можност – рече Ракар.

И додека на Фејсбук владееше хаос, повеќето корисници очигледно се преселија на Твитер чии лидери го поздравија тимот со духовита објава на нивниот официјален профил.

Америка сака да го подели Фејсбук на помали енклави

– Ако ја погледнеме историјата на антимонополскиот однос на Фејсбук со американските власти, постојат голем број притисоци да се подели Фејсбук на неговите составни делови, а оние што се внатре не сакаат да го направат тоа. Тие намерно сѐ повеќе ги интегрираат Фејсбук, Инстаграм и Ватсап, до степен вие да не знаете кога се префрлате од една на друга платформа – вели ИТ експертот Ракар за Индекс.

Дали ова значи дека податоците на корисникот од една мрежа се достапни за друга мрежа, или дали алгоритмите препознаваат што сте виделе на Инстаграм, а потоа Фејсбук ви нуди слична содржина подоцна?

– Прашањето е дали навистина го прават тоа, а секако имаат техничка способност да го направат тоа. Во зависност од законите, тоа е дозволено некаде, веројатно не во Европа поради ГДПР, барем сигурно не легално – одговара Ракар.

Закерберг се извини

Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, се извини за „нарушувањето“ предизвикано по прекинот на услугите на социјалните медиуми за речиси шест часа. Милијардерот се извини откако внатрешниот технички проблем ги исклучи Фејсбук, Месинџер, Ватсап и Инстаграм вчера попладне.


Не им работеле картичките, ниту е-поштата

Работите биле толку замрсени, пишува Мондо, што вработените на Фејсбук не можеле да влезат во зградата, бидејќи не функционирале нивните картички кои ги отчукувале на вратата. Меѓутоа, околу 23 часот по наше време, извршниот директор на CloudFlare објави дека е зголемена активноста на БГП од страна на Facebook и дека Facebook.com и другите адреси се пренасочуваат преку ДНС, што е добар знак и шанса сѐ да се врати во нормала.

Вработените пријавиле и дека во тие шест часа меѓу нив не функционирала внатрешната е-пошта на Фејсбук, па не можеле да комуницираат меѓу себе.

Како беше Фејсбук вратен на нозе?

Њујорк тајмс објави дека проблемот бил решен кога група експерти влегле во дата-центарот на компанијата во Калифорнија за да ги ресетираат серверите. Но, од Фејсбук ова уште не го потврдија. Тие само изјавија дека работат на тоа „да ја направат својата инфраструктура поотпорна“.

ИТ експертите низ светот веќе се мајтапат со оваа ситуација. Тие иронично го споредуваат исчезнувањето на Фејсбук од Интернет со падот на голем џин, веројатно најголемиот меѓу џиновите.

Еве како ДНС-серверот на Фејсбук се враќаше на нозе.

 

Закерберг загуби 6 милијарди на берзата

Додека го чекаме официјалното објаснување на Марк Закерберг за тоа што го предизвика проблемот и дали е случајно тоа да се случи точно 24 часа откако неговиот поранешен колега објави куп документи кои покажуваат дека алгоритмот на Фејсбук замижал со двете очи кога станува збор за говорот на омраза, а сè со цел да се акумулира поголем профит, берзата си го направи своето, пишува Мондо.

Бордер гејтвер протоколот (БГП) е крив за сè!?

„Бубачката“ на Фејсбук, Ватсап, Инстаграм и Месинеџер беше поправена по шест часа. Фејсбук мораше да испрати инженери во своите Центри за податоци ширум САД, што не се случило долго време. Проблемот, како што велат од компанијата, бил во тоа што машините не можеле да комуницираат едни со други, што предизвикало каскаден ефект и сè едноставно се совпаднало и пропаднало, пишува Мондо.

Според изјавите на ИТ експерти за американските медиуми, вистинската причина за падот е рутинската промена на БГП, односно протоколот на граничната порта кој се расипал. БГП им помага на мрежите да ја изберат најдобрата маршрута, т.е. трасата за испорака на бараниот интернет сообраќај. Ова влијаело врз ДНС серверите и врз нивната работа, поради што серверите не испраќале информации што другите може да ги користат за да ги пронајдат. На тој начин, сè беше едноставно отсечено од остатокот од интернетот.

Според објавата на блогот на Фејсбук, нема зборови за хакерски или за друг напад, како што објавија многу домашни и светски медиуми. Следниот дијаграм прикажува како ДНС-от на Гугл забавил поради падот на ДНС-от на Фејсбук.

 

БГП биле повлечени – намерно или не?

Во основата на проблемот најверојатно е проблемот со ажурирање на маршрутата за БГП. БГП е протокол за гранична порта, систем преку кој една мрежа го одредува најдобриот пат до друга мрежа. Ако рутата за БГП е погрешна или не работи, никој надвор од таа мрежа не може да пристапи до неа. Во еден момент, потпретседателот на Cloudflare, компанија за заштита на страници, објави дека сите БГП за Фејсбук се повлечени. Бидејќи немаше БГП рути што водеа до мрежата на Фејсбук, серверите на Фејсбук станаа недостапни, како и серверите за апликациите Инстаграм, Ватсап и Окулус ВР.

Поврзани содржини