ПАДНА ПОЗНАТ ДИЛЕР ОД ВОЛКОВО Полицијата откри амфетамин кој го имал кај себе, но и во неговиот дом

Полицијата продолжува со активностите за откривање и сузбивање на недозволената трговија со дрога на подрачјето на Скопје.

1,024

Маж на возраст од 34 години, жител на селото Волково, Скопско, денеска беше лишен од слобода од страна на полициски службеници поради сомнение за недозволена трговија со наркотични средства.

Како што соопшти полицијата, околу 10:15 часот, по добиена судска наредба од Основниот кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во неговиот дом. При претресот, службениците наишле на амфетамин и дигитална вага, кои веднаш биле одземени како доказен материјал.






Претходно, осомничениот, идентификуван како З.В. (34), бил приведен на подрачјето на Центар од страна на полициските службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје. Кај него биле пронајдени амфетамин, дигитална вага и нож.

„По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело предвидено во член 215 од Кривичниот законик“, изјавија од Министерството за внатрешни работи.

Полицијата продолжува со активностите за откривање и сузбивање на недозволената трговија со дрога на подрачјето на Скопје.

Поврзани содржини