„ПАДНА“ КОНТРОВЕРЗНИОТ МИЛИЈАРДЕР Ендрју Тејт е уапсен по обвинение за силување, трговија со луѓе и организиран криминал (ВИДЕО)

Четворицата осомничени создале организирана криминална група со цел да регрутира и искористува жени, принудувајќи ги на порнографска содржина. Од тоа имале голема финансиска придобивка, соопшти обвинителството во Букурешт.

573

Контроверзниот интернет инфлуенсер и поранешен кикбоксер Ендрју Тејт е приведен во Романија под сомнение за трговија со луѓе, силување и организиран криминал, соопшти обвинителството во Букурешт.

Британецот со американско потекло Тејт, кому му е забранет пристапот на бројни социјални мрежи поради мизогински коментари и говор на омраза, како и неговиот брат Тристан, ќе останат во притвор 24 часа, заедно со двајца романски осомничени, соопшти обвинителството.

 






Браќата Тејт се под кривична истрага од април, а нивниот адвокат потврди дека се во притвор.

– Четворицата осомничени создале организирана криминална група со цел да регрутира и искористува жени, принудувајќи ги на порнографска содржина. Од тоа имале голема финансиска придобивка – соопшти обвинителството во Букурешт.

Обвинителите додадоа дека пронашле шест жени кои сведочеле дека осомничените сексуално ги злоставувале.

Контроверзниот милијардер го откри кутија за пица , падна по ова видео (ВИДЕО)

Контроверзниот милијардер Ендрју Тејт беше уапсен откако на сите случајно им откри каде се наоѓа во видеото во кое ја навредува шведската активистка Грета Тунберг.

Деталот што го откри Ендру Тејт беше кутијата за пица на масата пред него.

Имено, Тејт пред неколку дена ја нападна Грета Тунберг на Твитер, а откако таа остро возврати, тој објави видео на кое дополнително ја навредува, но во таа прилика направи кардинална грешка.

Тејт во еден момент од видеото вели да му донесе пица, која се испоставува дека е пицеријата на Џери, која работи во областа Букурешт.

 

Поврзани содржини