📽 ПАДНА КОМАНДНИОТ ЦЕНТАР НА УКРАИНА КАЈ ХАРКОВ? „Не планираме да го освоиме градот“
Додека руското Министерство за одбрана се пофали дека го погодило украинскиот команден центар за противвоздушна одбрана кај Харков, рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија во моментов не планира да го окупира Харков.
Русија го разнесе командното место на бригадата на украинската армија скриено во шумата кај селото Стара Водолага во Харковската област, тврди руското Министерство за одбрана на Русија наведува дека командното место на 302. украинска противвоздушна бригада по извидување со беспилотни летала било погодено од „Искандер“.
Со губењето на командното место на 302-та бригада, Украина наводно останала без централизиран систем за управување со силите за противвоздушна одбрана во целиот регион.
Некои воени блогери неофицијално наведуваат дека во нападот биле убиени околу 35 офицери во штабот и уште 20 војници кои го обезбедувале објектот во близина на Харков, а новодно експлодирал и магацинот за муниција.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија во моментов не планира да го окупира Харков.
— Pluton (@Pluton45873221) May 17, 2024