Пад на приходите во буџетот од 12,28 отсто во март

Дополнителен пад на пријходите , како што рече Лукаревска е забележан во април

879

За 12,28 отсто се намалени приходите во државната каса во март годинава во однос на март лани. Најголем пад од 16,85 отсто има кај ДДВ и кај данокот на добивка од 10,78 отсто. Додека кај данокот на личен доход падот е од 1,11 отсто. Ова го соопшти на денешната прес-конференција директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

Таа рече дека од јануари до март се остварени приходи во износ од 19 милијареди денари.






Дополнителен пад на пријходите , како што рече Лукаревска е забележан во април.

– Споредбите со уплатата на даноците во април од 1 до 14 со истиот период лани во април се дека и во овој месец е забележан пад на уплатата на даноците. Кај ДДВ падот е од 79 отсто, кај данокот на личен доход имаме пад од 6 отсто додека кај данокот на добивка падот е од 9, 97 отсто -рече Лукареска.

Таа информира дека во април е зголемн повратот на ДДВ за 51,7 отсто. Дополнително информира дека во однос на уплатата на ДДВ треба бројките може да бидат поразлични бидејќи рокот за исплата на плати е 15 април, а рокот за достава на пријавите за плати е 25 април.

Таа рече дека е разгледано барањето на сметководителите за продолжување на рокот за достава на пријавите за ДДВ до крајот на април.

– Разгледана е опцијата да се пролонгира рокот до крајот на месец април за ДДВ, а во овој период на криза ммавме продолжување на роковите во сите сегменти за поднесување даночни пријави. УЈП нема постапки за присилна наплата за да го полни буџетот – рече Лукаревска.

За разлика од приходите од даноци кај приходите од придонеси во овој период е забележан раст и тоа кај придонесите за пензиско и инвлаидско осигурување пораст од 10, 15 отсто, додека кај придонесите за здравствено осигурување растот е од 18, 4 отсто.

 

Поврзани содржини