ПАЦИЕНТКА НА 31 ГОДИНА ПОЧИНА ОД КОВИД Тетово е преполно со новозаразени, 40 се на респиратор

Преполно е Тетово, не знаеме што ќе биде понатаму. Амбулантските прегледи укажуваат дека секој ден се влошува здравствената состојба и дека се зголемува бројот на потенцијални пациенти кои ќе бидат примени, вели шефот на ковид центарот.

3,356

Пациентка на возраст од 31 година починала изминато деноноќие по неколку дневна хоспитализација во ковид центарот во Тетово поради утврдено присуство на коронавирус. Таа имала и хронична болест, а развила и инфекција на белите дробови, информираше денеска координаторот во ковид центарот д-р Гзим Нуредини.

– Пациентката имала претходно тешка анемија, а поради коронавирусот имаше развиено и тешка пневмонија. Секој ден има нови приеми на болни, вчера имаше 47 хоспитализирани пациенти. Од нив 40 се на кислородна поддршка – информираше Нуредини.






Тој предупредува на зголемиот број на заразени.

– Преполно е Тетово, не знаеме што ќе биде понатаму. Амбулантските прегледи укажуваат дека секој ден се влошува здравствената состојба и дека се зголемува бројот на потенцијални пациенти кои ќе бидат примени. Вчера имавме 67 пациенти, тоа го кажувам често, бидејќи е знак како ќе се одвиваат работите во идните денови. Сите да се вакцинираат, може ќе ни заврши ова по две недели, но не знаеме наесен како ќе биде – рече докторот.

Тој како позитивна насока ја оцени одлуката на Министерството за здравство поради големиот број пациенти, дел од нив да бидат однесени на Инфективната клиника во Скопје. Така, според него, нема да има потреба од реорганизација.

Поврзани содржини